Точка на учење,
раст и промени
Во Едупоинт центар, се стремиме кон создавање простор каде што иновацијата, креативноста и знаењето се спојуваат за да го овозможат достигнувањето на потенцијалите на сите субјекти во воспитно-образовниот процес.
Нашите активности
Развој, поддршка и промоција на иновативни воспитно-образовни стратегии.
Градиме подобро образование
Тимот на Едупоинт центар се посветени едукатори, иноватори и професионалци кои веруваат дека подобрувањето на квалитетот на образованието е основа за личен и професионален развој.
Страст за учење и промени
Нашиот тим го движи страст за учење и посветеност за создавање на промени во воспитно-образовниот контекст и амбиент.
Трансформација на образованието
Едупоинт центар е подготвен да понуди обуки, ресурси и поддршка кои ќе го трансформираат начинот на кој се креира воспитно-образовна димензија во предучилишно, основно, средно и високо образование.
Активностите се фокусирани
на обезбедување иновативни услуги за образование, обука
и
професионален развој
Активностите се фокусирани на обезбедување иновативни услуги за образование, обука и професионален развој
Обуки и работилници за воспитно-образовен кадар, ученици, родители
Развој на ресусрси за поддршка на воспитно-образовен процес
Истражувања и анализи
Локална и меѓународна соработка
Поддршка на личен и професионален развој
Принципи и вредности
- Подобрување на квалитетот на образованието
- Инклузивност и пристапност
- Образование ориентирано кон иднината
- Поддршка на учесниците
- Партнерство и соработка
- Промоција на иновации
- Холистички пристап
Каталог на обуки
Како да се биде успешен и инспиративен наставник
Приоди и стратегии за креативни активности
Надминување на стереотипи, предрасуди во училишните заедници
Како до успешна и конструктивна комуникација
Позитивна дисциплина
Стилови на учење и стратегии за поддршка на учењето
Оценување со визија - уметност на поставување стимулативни задачи
Како до безбедна и стимулативна училишна средина
Тимска и тандемска соработка во воспитно-образовниот процес
Непристрасен приод во образованието
Со игри и интеракција до пријатна атмосфера во училницата
Стимулативен училиштен дизајн
Врсничко насилство и начини на превенција
Правни лавиринти за наставници: Како да препознаеме и поддржиме ученици со сензитивни семејни околности
Цели на обуките
Проширување на знаења, како и развивање на вештини и компетенции кај наставниот кадар, за квалитативна трансформација на три педагошки столба:
- Содржинска, курикуларна компонента во наставниот процес
- Професионален, личносен, вредносен профил на сите субјекти, чинители на воспитно-образовниот процес
- Етос, социо-емоционална клима, амбиент и училиштен дизајн
Обележја на обуките
- Интерактивен начин на работа
- Работа во мали групи
- Групна дискусија
- Симулации
- Учење по пат на решавање на проблеми
- Играње на улоги
Обуките вклучуваат различни формати
- Лице в лице сесии
- Онлајн вебинари
- Самостојно учење преку дигитални ресурси
Преземете ги нашите ресурси за современа интеркултурна училница
Како до интеркултурно образование
Водич при креирање на образовни активности од интеркултурен карактер.
Чекори кон интеркултурализам
Лесен и јасен компас при соочување со прашања со интеркултурен предзнак.
101 Игра
Поттик за безброј игровни активности со позитивен и весел предзнак.